Утрински Весник
Македонија

Прогноза за викендов: нестабилно време со невреме и обилни врнежи

Dozd sneg.jpeg

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, утре попладне, во текот на ноќта и во недела претпладне времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, со локален пороен дожд и грмежи.

На некои места процесите ќе бидат поинтензивни и ќе се развијат во форма на невреме со обилен пороен дожд за кратко време (над 20 литри на метар квадратен), засилен ветер (над 60 километри на час) и изолирана појава на град.


Во Скопје, кон крајот на денот и во текот на ноќта се очекува нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а во делови од котлината условите ќе бидат во форма на невреме.

Можете да прочитате

Три лица уапсени за семејно насилство во последното деноноќие

Приведени седум лица во Скопје

Пронајдено тело на почината жена во двор од семејна куќа во Скопје