Утрински Весник
Свет

Прогласена вонредна состојба во Еквадор, вооружените сили мобилизирани поради атентатот на претседателскиот кандидат

Прогласена вонредна состојба во Еквадор, вооружените сили мобилизирани поради атентатот на претседателскиот кандидат

Претседателот на Еквадор, Гиљермо Ласо денеска прогласи вонредна состојба во земјата по убиството на претседателскиот кандидат Фернандо Вилависенсио.

dobivaj vesti na viber

Вонредната состојба ќе трае 60 дена, а вооружените сили ќе бидат мобилизирани низ целата земја, објави весникот „Ел Универзо“. Ласо потпиша и декрет за прогласување на тридневна национална жалост.

Изборите закажани за 20 август нема да бидат откажани. Еквадорскиот претседателски кандидат Фернандо Вилависенсио беше убиен претходно денеска на предизборен митинг во Кито.

Напаѓачот бил неутрализиран по размена на оган со полицијата која го обезбедувала собирот, а уште шестмина осомничени се приведени по полициска рација, соопшти државното обвинителство.

Видеата објавени на социјалните мрежи покажуваат толпа луѓе на настан во кампањата како се кријат и врескаат по пукањето.

Вилависенсио беше еден од најжестоките критичари на поранешниот еквадорски претседател Рафаел Кореа и беше осуден на 18 месеци затвор за клевета на Кореа.

Подоцна доби политички азил во Перу. Тој исто така беше независен новинар кој ја истражуваше корупцијата во претходните влади на Еквадор, по што влезе во политиката како борец против корупцијата.

Можете да прочитате

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење

Петнаесет лица повредени во руски напад врз Харков