Утрински Весник
Македонија

Прогласена кризна состојба во затворот „Идризово“

Прогласена кризна состојба во затворот „Идризово“

Со одлука на Владата прогласена е кризна состојба во затворот „Идризово“ поради спречување на безбедносни закани.

dobivaj vesti na viber

Ова се случува по информациите во изминатиот период за недостаток на чувари во казнено поправната уставнова.

Одлука е донесена на владината седница одржана во вторникот и веќе е во сила по нејзиното објавување во Службениот весник.

„Со оваа одлука се утврдува постоење на кризна состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија, и тоа на подрачјето на Општината Гази Баба на кое Казнено-поправната установа Казнено-поправен дом Идризово ја врши својата надлежност, заради спречување на безбедносните закани и зајакнување на обезбедувањето на установата“, гласи текстот на одлуката.

Од органите на државната управа се бара да преземат мерки и активности согласно прописите за управување со кризи, а од главниот штаб за управување со кризи при ЦУК, да ги следи состојбите, да координира со активностите и редовно да ја информира Владата.

Кризната состојба ќе трае во следните 30 дена.

Центарот за управување со кризи, претходно денес објави дека припадници на МВР и Армијата ќе го обезбедуваат затворот поради недостаток на чувари.

Од ЦУК образложија дека еден од главните проблеми со кои се соочува „Идризово“ е недостигот на кадар во затворот. Велат дека бројот на вработени лица во затворската полиција е недоволен за да ги задоволи секојдневните потреби и активности.

Ќе се бара начин за вработување нов кадар, кој ќе биде одговорен за безбедноста и за ресоцијализаицијата на затворениците.

Можете да прочитате

Маж во Велешко каснат од видра, која е реткост во Македонија

Тошковски за Груби: Од ден на ден се повеќе се гледа дека осомничениот не е чист како солза

Mинималната плата да биде 31.500 денари, бара СКСЗМ