
Професорот од Техничкиот факултет во Битола, Дејан Трајковски вели дека нема да се градат оградени кампови, туку станови за одбиените азиланти.
„Нема да се градат оградени кампови, ама ќе се градат станови за одбиените азиланти и ќе можат насекаде слободно да се движат. Неколку илјади одвишни луѓе, човечки талог кој претставува товар дури и за многу поголемата Велика Британија, ќе се пресели тука, евентуално за да ни ја простат гаранционата премија од околу 339 милиони евра за кредитот за брзата пруга (17.86% од 1,9 милијарди евра). Ниту ни треба брзата пруга, што ќе ни донесе загуба од најмалку 3,3 милијарди евра, ниту ни требаат тие проблематични луѓе“, вели Трајковски.
Според него, треба да се исплати на Македонија по 110 илјади фунти по бегалец, за да се изградат станови и да се отворат работни места.
„Ако веќе ги примаме, тогаш подобро нека ни исплатат по 110 илјади британски фунти по бегалец, колку што било договорено со Руанда, пред да им пропадне зделката. Со тие пари барем ќе градиме станови, ќе отвориме работни места и ќе го поткренеме нашиот БДП. Вака становите би ги граделе со наши пари, а 339 милиони евра нема да добиеме, бидејќи повторно ќе завршат во Велика Британија, кај UKEF. Башка што ќе направиме загуби со пругата и ќе ја упропастиме Вардарска Долина за навек. Се што прави оваа власт е чиста штета и загуба за државата“, додава професорот.


