Утрински Весник
Македонија

Професорот Сашо Георгиевски и адвокатите Јордан Апостолски и Наташа Бошковска предложени за судија во ЕСЧП

Kostadinovski.jpg

Комисијата за избор на македонски кандидат за судија во Европскиот суд за човекови права во Стразбур ги предложи адвокатите Јордан Апостолски, Наташа Бошковска и професорот Сашо Георгиевски. Како што изјави претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, изборот бил направен според критериумите за морален углед, судиски квалификации и правничка репутација.

-Мал број на кандидати што го исполнуваа вториот услов, квалификации за вршење на судиска функција. Професорот Георгиевски е признат како угледен стручњак, додека, двајцата адвокати избрани имаат неспорно значајни искуства во човекови права, рече претседателот на Уставен суд, Дарко Костадиновски на денешната прес-конференција,

До крајот на неделата листата ќе биде испратена до експертскиот панел на Советот на Европа, кој ќе ја даде конечната оценка. Потоа, Владата треба да ги предложи кандидатите до Комитетот при Советот на Европа, по што следуваат интервјуа и конечна одлука на пленарна седница – најрано во април.

Меѓу пријавените биле и Оља Ристова, Тони Менкиноски, Наташа Габер, Александар Даштевски, Али Алиу, Илир Исени, Јелена Ристиќ и Ана Дангова Хуг.

Можете да прочитате

ДЗСИ нареди вонредно чистење и здравствен преглед на вработените во училиштето ,,Димо Хаџи Димов”

Андоновска: Ќе работиме цела ноќ ако треба за побрзо да излезат резултатите за труењето во Влае

Костадинова Стојчевска: Македонскиот јазик не се чува со кратење на буџетот за инспекторатот за македонски јазик