Утрински Весник
Македонија

Професор од Скопје осомничен дека барал полови односи од 18 годишна ученичка

Img 9772.jpeg

Веста која денеска ја разбранува домашната јавност е дека 52-годишен професор од средното уметничко училиште „Лазар Личеноски“ во Скопје бил приведен од полицијата, откако бил пријавен за вознемирување на ученичка.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, професорот во повеќе наврати барал полови односи од 18-годишна ученичка, по што случајот бил пријавен од директорот на училиштето.


„На 9 март 2026 година во 17:30 часот, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода 52-годишен маж од Скопје, професор во средно училиште на подрачјето на Општина Центар, постапувајќи по претходна пријава дека во периодот од 25 февруари до 2 март 2026 година вознемирувал 18-годишна ученичка и барал од неа да имаат полови односи“, соопштија од МВР.

По пријавата, директорот на училиштето донел одлука за суспензија на професорот од работа, со цел да се спречат вакви ситуации во иднина.

Од полицијата информираат дека по целосното расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

По трагедијата во Карпош: Дали училиштето можело да ја заштити Катја?

Зајкова: Големите партии манипулираат со изборниот закон

Двојно убиство ја потресе Хрватска