Утрински Весник
Магазин

Проф. д-р Јове Кекеновски ќе ја претставува Македонија на Светскиот трофеј за хармоникаши во Франција

1319b510 caa5 4986 90d1 08dc0e67bc2f.jpeg

Професорот по политички науки, д-р Јове Кекеновски, ќе ја претставува Република Македонија на Светскиот трофеј 2025 (Trophée Mondial de l’Accordéon), кој ќе се одржи од 25 ноември до 1 декември 2025 година во градот Монтаржис, близу Париз, Франција.

Кекеновски обезбеди учество на најпрестижниот светски натпревар за акордeонисти откако победи во својата категорија (13Б, од 60 до 80 години) на Online International Open Trophy – дел од официјалната програма на Светската конфедерација на акордeонот (Confédération Mondiale de l’Accordéon – СМА).


Овој настан, основан во 1951 година, претставува највисоко меѓународно музичко натпреварување за хармоникаши, кое секоја година се одржува во различна земја и обединува повеќе од 60 национални делегации од сите континенти.

Светскиот трофеј се одвива во три фази:

  1. Национални избори – што се одржуваат во сите земји членки на СМА.
  2. Онлајн натпревар, кој оваа година се одржа на 8 октомври и им овозможи на музичари од целиот свет да учествуваат виртуелно.
  3. Офлајн финале, кое ќе се одржи во Франција и на кое ќе настапат само најдобрите кандидати што постигнале оценка од 20/25 или повеќе, како и првите тројца од секоја земја.

Професорот Кекеновски со својот настап успеа да се пласира меѓу најдобрите и да обезбеди место во завршната фаза на натпреварот.

„Станува збор за најсилниот и најреномираниот светски натпревар за хармоникаши. За мене е огромна чест што ќе ја претставувам Македонија на ова музичко натпреварување од највисок ранг,“ изјави Кекеновски.

Можете да прочитате

Не е само рузмарин: Овие масла ќе ви помогнат косата да расте како луда и да биде јака, нема да одите фризер

Еве зошто витаминот Д е клучен во текот на зимските месеци и во која храна можете да го најдете

Утре не правете го никако ова, а ова е за благодат – го славиме заштитникот на македонскиот народ