Утрински Весник
Свет

Проект за чистење на Јадран од пластичен отпад

Jadran.jpg

Рибарите долж Јадранското Море секојдневно извлекуваат големи количини пластичен отпад, но недоволната инфраструктура за негово собирање го остава проблемот нерешен. Над 80% од плутачкиот отпад во Јадранот е пластика.

Здружението Sunce, заедно со партнери од Хрватска и Италија, го спроведува проектот FishNoWaste за собирање податоци за видот и количините на отпад, со цел развој на модел за заедничко управување, повторна употреба и рециклирање.

„Законот ги обврзува рибарите да го предадат отпадот што пасивно го уловиле, но често нема каде да го остават“, посочува Дора Чакушиќ, асистентка во Одделот за комуникации и застапување. 

Проектот вклучува мониторинг на отпадот, пилот-имплементација во пристаништа и едукација на рибарите и локалните заедници за влијанието на морскиот отпад. Очекувањата се дека иницијативата ќе ја подобри системската контрола, ќе го зголеми собирањето и рециклирањето и ќе придонесе за зачувување на Јадранското Море.

Можете да прочитате

Четворица приведени во врска со синоќешниот напад во Антверпен

САД, Украина и Русија на мировни преговори во Абу Даби

Зеленски ги прозва лидерите на ЕУ: Слаби сте, Трамп нема да ве слуша