Утрински Весник
Економија

Проект „Идентификување на причините за долгорочната невработеност на постарите жени во Северна Македонија и Србија“

Rabotnici.webp.webp

Економскиот институт-Скопје денеска ќе означи почетокот на проектот „Идентификување на причините за долгорочната невработеност на постарите жени во Северна Македонија и Србија“, кој се реализира во рамки на програмата Visegrad+ Grants, (2xV4 + 2xWB6/EaP), како дел од повикот за акциски грантови за 2024 година, во областа на јавна политика и институционални партнерства.

Проектот  ќе трае до 31 март 2026 година, а во неговата реализација се вклучени четири високообразовни и научни институции, од четири европски држави: Економски институт-Скопје, единица на УКИМ, Северна Македонија; Институт за економски науки од Белград, Србија; Институт за економски истражувања на Академијата на науки од Словачка и Универзитет за информациски технологии и менаџмент од Рзесов, Полска. 

Целта на проектот е да се идентификуваат причините кои ги спречуваат жените на возраст од 50 и повеќе години да најдат работа, соопшти Економски институт – Скопје. Вакво истражување ќе биде спроведено и во Србија, додека искуствата на Словачка и Полска ќе бидат искористени да се предложат решенија, мерки и политики со кои би се зголемила вработливоста на оваа категорија на жени. Истражувањето во проектот ќе биде насочено кон проблемите на долгорочно невработените жени стари 50 и повеќе години во Скопскиот и Белградскиот регион.

Проектот „Идентификување на причините за долгорочната невработеност на постарите жени во Северна Македонија и Србија“ нуди уникатна можност преку анкетен прашалник и фокус групи со дел од овие жени, пореално да се утврдат проблемите со кои се соочуваат невработените жени на возраст од 50 и повеќе години, причините за нивната долгорочна невработеност, идентификување на недостатокот на вештини, како и други релевантни аспекти кои би биле значајни за развој на соодветни стратегии, програми и мерки со кои би се овозможило ублажување на неповолната ситуација на овие жени. Тоа би го постигнале првенствено со нивно учество како корисници на овој проект, а потоа и преку зголемување на свесноста за проблемите и потребите на овие жени меѓу релевантните стеикхолдери, наведуваат од Економски институт – Скопје.

Можете да прочитате

Во Одборот на директори на ЗК Пелагонија влегува Јове Кекеновски

Нова инвестиција на турската компанија „Чагатај Кабло“ во ТИРЗ Скопје, до 200 нови работни места

Продолжува амандманската расправа за ребалансот на Буџетот