Утрински Весник
Скопје

Проекција на филмот „Зeмја за нас“ и панел дискусија во рамки на 12. фестивал „Прво па женско“

20241223091651 Big 730x400 1.webp.webp

Во рамки на 12. издание на Фестивалот за феминистичка култура и акција „Прво па женско“, вечер во Кинотека ќе се одржи панел дискусија на тема „Живот без капитализам: Како дотаму?“, проекција на документарниот филм „Зeмја за нас“ и разговор со режисерката Карла Црнчевиќ. Настанот е бесплатен.

Како што е најавено, говорници на панел дискусијата ќе бидат Вики Младенова, Здравко Савески и Ленче Деспотоска, а модераторка е Андријана Папиќ Манчева.


По панел дискусијата, во 19 часот, ќе следува проекцијата на документарниот филм „Земја за нас“ во режија на Карла Црнчевиќ. По проекцијата на филмот, ќе следи разговор со авторката на филмот Карла Црнчевиќ, кој ќе го води Ѓорѓи Пулевски.

Овој настан е поддржан од Equality Fund.

Можете да прочитате

Студентите бараат од Владата и МОН да им го продолжат бесплатниот превоз во 2025 година

По тротинети ќе се изнајмуваат и електрични автомобили

Доделени наградите за најуспешни спортисти и тренери на Град Скопје за 2024 година