Утрински Весник
Магазин

Продуцентите на Rust ќе платат казна од 100.000 долари

Продуцентите на Rust ќе платат казна од 100.000 долари

Продуцентите на вестернот Rust соопштија дека се согласиле да платат граѓанска казна од 100.000 долари за сериозни прекршувања на безбедноста на работното место пред кобното пукање врз камерманката Халина Хачинс на снимање на филмот во Ново Мексико во 2021 година.

dobivaj vesti na viber

Бирото за безбедност на работниците во Ново Мексико минатата година ја изрече максималната можна казна против Rust Movie Productions (RMP) за, како што рече,  рамнодушност на компанијата кон опасностите од неправилно ракување со оружје и случајно пукање од огнено оружје на сет.

Хачинс настрада кога актерот Алек Болдвин испука куршум од вистински пиштол што го користел за време на проба. Режисерот Џоел Соуза беше повреден.

„Наш главен приоритет отсекогаш бил да ја продолжиме продукцијата и да го довршиме овој филм за да можеме да оддадеме почест на животот и делото на Халина Хачинс“, изјави Мелина Спадоне, адвокатка на продуцентската компанија.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста