Утрински Весник
Македонија

ПРОДОР НА ЛАДЕН БРАН ОД СЕВЕР: Велигденски празници со утрински мраз

Meteoalarm.mk 15 1.png

Метео анализа на Славчо Попоски:

За време на Велигденските празници, односно во периодот од 9 април 2026 (Велики Четврток) до 11 април (Велика Сабота) територијата на Македонија ќе биде под влијание на значително поладен бран кој ќе се спушта од северот  и од североистокот на Европскиот Континент. Времето ќе биде значително поладно и променливо со повремено засилен до силен ветер од северен правец кој повремено и локално ќе достигнува брзина до околу 60 км/час и истиот најизразен ќе биде во Повардарието и во источните предели од Македонија.


До крајот на денешниот ден  8 април 2026 среда пак во Повардарието и во источните предели од Македонија повремено ветерот од северен правец ќе достигнува брзина  и до околу 70 км/час.

Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди а повремено ќе има услови и за сосема слабо и локално проврнување на дожд а на повисоките  места  и на планините над 1000 метри надморска височина ќе провејува слаб снег, особено во источните предели од Македонија. Во Скопје  и околината во погоре споменатиот период времето ќе биде променливо со сончеви периоди, значително поладно и со повремено засилен до силен ветер од северен правец кој повремено во делови од регионот ќе достигнува брзина до околу 60/70 км час.

На ден Велигден 12 април 2026 времето ќе ни биде претежно сончево а особено наутро и значително ладно а преку денот ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

За Велигденските празници и на ден Велигден 12 април 2026 наутро на повеќе места во Македонија ќе има појава на слаб мраз што воопшто не е добро особено за овошките кои се во силна фаза на цветање. Наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот од -4 до 5 степени а во Скопје  и околината наутро температурата очекувам да се спушти  до околу 2/3 степени.

Максималните дневни температури на воздухот пак исто така ќе бидат значително ниски и под просекот за месец април и тие ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 15 степени. Во Скопје  и околината максималната дневна температура за Велигденските празници ќе се искачува до околу 15 степени.

Можете да прочитате

Уапсени три лица кои вчера на гробиштата во Бутел нападнаа и повредија двајца вработени во АД „Бутел“

Честитка од Сиљановска-Давкова по повод 8 Април ‒ Меѓународниот ден на Ромите

ВЛЕН: Правичната и соодветна застапеност станува закон