Утрински Весник
Македонија

Продолжува судењето за „Пулс“ воведни зборови на екс министрите Сраќини и Бектеши

Whatsapp image 2025 11 19 at 10.08.59.jpeg

Денеска во судницата во Идризово продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани кој се случи на 16 март оваа година.

На денешното рочиште проодлжуваат воведните обраќања на обвинтетите во случајот, а денес пред судот треба да се произнесат поранешните министри за економија, Валон Сараќини и Крешник Бектеши.

Потоа свои излагање ќе имаат и поранешните директори на Дирекцијата за заштита и спасување, Аднан Џаферовски, Беким Максути и Шабан Салиу

Досега, ниту еден од обвинетите не призна вина за делата што му се ставаат на товар.

Во предметот обвинети се 37 лица – сопственици, управители, инспектори, поранешни градоначалници, обезбедувачи и државни службеници.

Во пожарот во „Пулс“ загинаа 63 лица, додека над 200 беа повредени.

Можете да прочитате

Жерновски: Mигрантите ќе се движат слободно низ државата

Дали ПР службата на Владата одбила да одговори на „Тајмс“ за мигрантите?

СДСМ: По Албанија и Косово, следна дестинација на мигранти е Македонија