Утрински Весник
Македонија

Продолжува процесот на континуирано стручно усовршување на докторите по стоматологија

Stomatolog.webp.webp
Dik 300x250 mk

Министерството за здравство соопшти дека ги информира докторите по стоматологија дека процесот на континуирано стручно усовршување од областа на стоматологијата продолжува преку одобрени и соодветно бодирани едукативни настани од Комисијата за континуирано стручно усовршување формирана од министерот за здравство.

Во наредниот период, како што посочуваат од Министерството, ќе се одржат едукативни настани меѓу кои се: симпозиумот со меѓународно учество организиран од ЗПЗСУ-ПДДММ (1 ноември во Домот на културата во Кавадарци), симпозиумот со меѓународно учество организиран од МСД Здружение на специјалисти по ортодонција (8 ноември во хот. „Холидеј Ин“ во Скопје), симпозиумот со меѓународно учество организиран од Здружение на специјалисти по детска и превентивна стоматологија (8 ноември во хот. „Холидеј Ин“ во Скопје), симпозиум со меѓународно учество организиран од Факултет за медицински науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип (15 ноември во Мултимедијалниот центар), меѓународниот симпозиум организиран од Факултет за дентална медицина при МИТ Универзитет (21 и 22 ноември во МИТ универзитет – во тек е доставување на документацијата), симпозиум со меѓународно учество организиран од Здружението на специјалисти по стоматолошка протетика (29 ноември) и меѓународниот симпозиум организиран од Здружението на ортодонти, хирурзи и орoмаксилофацијални хирурзи Аполон – Тетово (6 и 7 декември).


Од Министерството наведуваат дека по разгледување од Комисијата, барањето од Друштво на доктори по дентална медицина на Македонија – Куманово за организирање симпозиум со меѓународно учество на 1 ноември во хотел „Хилтон“ во Скопје, е одбиено поради констатирани процедурални недостатоци, кои се спротивни со одредбите од Правилникот за континуирано стручно усовршување.

Можете да прочитате

Ужас во Петровец: Жена нападната од сопругот, кој ја тепал и се обидел да ја врзе со каиш

Мицкоски: В недела сите масовно да излеземе на гласање, затоа што додека седите дома, други одлучуваат за вашата иднина

Цветаноски: Демократијата повторно оживеа преку лидерството на Венко Филипче!