Утрински Весник
Свет

Продолжува намалувањето на продажбата на разгледници во ЕУ

Eu 1.webp.webp

Разгледници во вредност од 60 милиони евра биле продадени во текот на минатата година во ЕУ. Тоа претставува намалување за 15 отсто во споредба со претходната година кога од оваа продажба бил остварен приход од 69 милиони евра.

Според Европската статистичка служба Евростат, со оваа продолжува тенденцијата на пад на продажбата на разгледници во ЕУ што започна во 2014 година. Исклучок од овој тренд беа годините за време на ковид пандемијата, кога беше забележан раст на продажбата на разгледници, која во 2022 година достигна 81,3 милиони евра.

Од тогаш се бележи намалување на прометот со разгледници, а според првичните прогнози се очекува тој тренд да продолжи и годинава.

Напоредно со ова, во посочениот период од 2014 до 2024 година, се бележи раст на бројот на вработени во поштенските и курирските служби.

Можете да прочитате

Макрон: Само Украина може да одлучува за своите територии

Сијарто: Унгарија води суверена политика

Разбиена првата шпанска ќелија на американската неонацистичка терористичка група „База“