Утрински Весник
Економија

Продолжува амандманската расправа за ребалансот на Буџетот

20250708084755 big 730x400 31.webp.webp
Dik 300x250 mk

Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска треба да ја продолжи расправата по амандманите на Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот за 2025 година.

Вчера беа разгледани, но не добија поддршка неколку амандмани поднесени од опзициските пратеници, меѓу кои и амандманот од пратениците од СДСМ за одредување буџетски средства за повредените во пожарот во Кочани, за кој заменик министерот за финасии Николче Јанкуловски оцени дека е за добивање политички поени.


За ребалансот на Буџетот се доставени 200 амандмани, од кои 160 од СДСМ.

Вкупните приходи со ребаланост се проектирани на ниво од 362,4 милијарди денари, а расходите на износ од 403,7 милијарди денари, по еден процент (околу 3,5 милијарди денари) повеќе во однос на иницијалните проекции со планот за годинава. Проекцијата за БДП останува 3,7 проценти, а инфлацијата е проектирана на ниво од 2,8 проценти. Буџетскиот дефицит останува непроменет и во апсолутен износ и како процент од БДП, односно 41,3 милијарди денари или 4 проценти од БДП. Капиталните расходи, пак, на износ од 47,5 милијарди денари. Државниот долг на крајот на 2025 година според проекциите на Владата ќе изнесува 53,3 проценти од БДП, а јавниот долг се очекува да биде на нивото од 62,1 процент.

Можете да прочитате

Фриленсерите не чекаат можности, туку ги создваат

ЕУ ја одобри втората транша средства во рамките на Инструментот за реформи и раст

Славески на средби со ММФ: Мерките на Народната банка придонесуваат за постепено намалување на инфлацијата и задржување на финансиската стабилност