Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Продолжен притвор и задолжително психијатриско лекување за пијаниот маж кој до смрт ја претепа партнерката

Продолжен притвор и задолжително психијатриско лекување за пијаниот маж кој до смрт ја претепа партнерката
Img 7972

Основното јавно обвинителство Кавадарци до надлежниот суд поднесе Обвинителен акт со предлог за продолжување на мерката притвор и предлог за определување мерка за безбедност – задолжително психијатриско лекување и чување во здравствена установа на едно лице, кое е обвинето дека сторило кривично дело – Тешка телесна повреда од член 131 став 4 во врска со став 2 и став 1 како и во врска со член 63 од Кривичниот законик.

dobivaj vesti na viber

Обвинетиот, според полицијата, на 2 август, во состојба на битно намалена пресметливост и со присуство на 1,94 промили алкохол во крвта, извршил семејно насилство врз една оштетена со која предтходно повеќе години живеел во вонбрачна заедница. По вербална расправија, тој најпрвин со бокс и тврди предмети ја удирал по главата, лицето и телото, а потоа ја турнал кон туш кабината, при што оштетената се здобила со телесни повреди од кои на 6 август починала на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

Со оглед на тоа што вештачењата покажаа дека обвинетиот го сторил делото во состојба на битно намалена пресметливост, надлежниот јавен обвинител му предложи на судот, освен изречената кривична санкција, да определи и дополнителна мерка за безбедност – задолжително психијатриско лекување и чување во здравствена установа.​

Можете да прочитате

Тасевски vs Ристески – нова криза во М-НАВ

Филипче од Охрид: Да кренеме глас и да се бориме против самоволието на ДПМНЕ

Тројцата обвинети за загадување од Вардариште признаа вина, им се заканува казна затвор од три месеци до три години