Утрински Весник
Свет

Продавал календар со цртежи од пајчиња: Тајланѓанец затворен поради исмевање на кралот

Продавал календар со цртежи од пајчиња: Тајланѓанец затворен поради исмевање на кралот

Жител на Тајланд е осуден на две години затвор поради продажба на календари со сатирични цртежи на пајчиња за што судот оцени дека е исмевање на кралот Маха Ваџиралонгкорн, соопшти денеска групата за правна помош „Адвокати за човекови права“.

dobivaj vesti na viber

Кривичниот суд во Бангкок пресуди дека жолтите патки во разни пози, кои се појавија на календарот за 2021 година, личат на кралот и му се потсмеваат, со тоа нарушувајќи го неговиот углед, се вели во соопштението.

Според судот, шесте илустрации на календарот се потсмев на кралот.

Жолтите патки како симбол на продемократското движење

Жолтите гумени патки во еден момент беа хумористичен симбол на продемократското движење на Тајланд, што предводеше протести во таа земја, потсетува АП.

Нараторн Чотманконгсин беше осуден според законот за навреда на величеството на Тајланд, кој предвидува казна од три до 15 години затвор за секој што ќе го клевети, навредува или му се заканува на кралот, кралицата, наследникот или на регентот.

Во соопштението се наведува дека на 26-годишниот обвинет, чиј прекар е Тон Маи, казната му е намалена бидејќи соработувал со судот.

Законот е цел на критики

Во последните години тој закон беше во фокусот на продемократските активисти, кои побараа негова измена или укинување. Според „Адвокатот за човекови права“, најмалку 233 лица се обвинети според тој закон од ноември 2020 година.

Двајца млади активисти, кои бараат укинување на законот и други реформи во судството, наводно се во критична состојба по штрајкувањето со глад повеќе од шест недели, според АП.

Можете да прочитате

Бомбаш самоубиец уби 10 лица во нигериски ресторан

Израелскиот министер: Го убивме командантот на огранокот на Иранската револуционерна гарда

Велика Британија го повлекува персоналот од Амбасадата во Иран