
Коментирајќи ги најавите од европски претставници дека сосема е возможно Албанија уште во 2027 да стане земја членка на ЕУ, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ во емисијата Само вистина рече дека не се согласува со тоа.

„Албанија нема да стане членка пред Македонија. Емисијата се снима па ќе видиме кој бил во право“ рече Проданоски.
Во одговор на реплика од соговорникот Илир Хасани од ДУИ дека оваа влада ја оддалечува Македонија од ЕУ и ја одвои од колосекот на кој беше со Албанија, Проданоски рече дека државата направила премнигу отстапки а не добила ништо за возврат.
„Направивме и повеќе од доволни отстапки во овие 34 години, а за возврат не добивме ништо. Ние цело време сме пред некакви порти на ЕУ, а направивме сериозни исчекори и тоа по штета на македонскиот национален идентитет и за сметка на тоа ништо не добивме. На крајот, зошто ни е членство во ЕУ ако ние се обезличиме како народ“ рече Проданоски.