Утрински Весник
Спорт

Проблем за Вулвс, Диего Коста не може да влезе во Британија

Проблем за Вулвс, Диего Коста не може да влезе во Британија
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Фудбалскиот клуб Вулверхемптон се договори Диего Коста. Сепак, трансферот, веројатно, нема да биде реализиран бидејќи Бразилецот не доби дозвола за влез во Британија.

dobivaj vesti na viber

Откако на дебито на Саша Калајџиќ ги повреди вкрстените лигаменти на коленото, Волвс мораше да реагира, му се јави на Диего Коста и бргу постигнаа договор. Сепак, Бразилецот сè уште не може да влезе во земјата.

Имено, неговото барање за работна дозвола е одбиено поради недостиг на поени. „Волците“ ќе се жалат и се надеваат дека ќе го добијат случајот, но доколку тоа не се случи, имаат подготвена замена.

Тоа е Енди Керол, кој не изгледа како напаѓач што може да направи разлика во Премиер лигата, но Волвс нема подобар избор. Двајцата играчи се навистина надвор од форма.

Последниот натпревар Коста го одигра во декември минатата година, а Керол на крајот од минатата сезона.

Можете да прочитате

Ново шоу и трипл-дабл на Јокиќ во победа на Денвер

Муарем нов тренер на Работнички

Седлоски: Ме интересира само едно успехот на репрезентацијата