Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Приведени тројца охриѓани поради нарушување на јавниот ред и мир во алкохолизирана состојба

Policija 8.jpg
Dik 300x250 mk

На 15.10.2025 во 01:20 часот на булеварот „Македонски просветители” во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го приведоа Р.Н.(53) од Охрид затоа што го нарушил јавниот ред и мир со агресивно и непристојно однесување и лажно пријавил дека бил физички нападнат. По преземени мерки и извршено алкотестирање, полициските службеници од СВР Охрид, кај него констатирале 1,51 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 14.10.2025 во 07:30 часот на улица „Партизанска” во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го приведоа А.Т.(42) од Охрид кој претходно, во продажен објект го нарушил јавниот ред и мир со непристојно однесување, а потоа физички му се спротивставил на работникот од обезбедувањето на објектот. По преземени мерки и извршено алкотестирање, полициските службеници од СВР Охрид кај него констатираа 3,52 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.


На 14.10.2025 во 20:45 часот во охридското село Лескоец, полициски службеници од СВР Охрид ги приведоа И.А.(34) од село Косел и Б.Д.(46) од селото Долно Лакочереј затоа што претходно, пред продажен објект во селото го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. По преземени мерки и извршено алкотестирање, полициските службеници од СВР Охрид, кај И.А. констатирале 2,30, додека кај Б.Д.2,46 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на настанот, против нив, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Апасиев: Ако не гласаш немој ни да плачеш – толку е просто

Срушен ѕид од стара струшка куќа, заштитена како културно наследство при изведба на градежни работи на индивидуален објект

Албанската полиција на ГП „Блато“ заплени стока прошверцувана од Македонија