Утрински Весник
Македонија

Приведени три лица во дебарско, затекнати при незаконит лов

No .webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

На 16.02.2024, полициски службеници од Полициската станица Дебар ги лишиле од слобода Ќ.М.(42) од с.Мал Папрадник, општина Центар Жупа, Ј.Р.(42) од с.Броштица, општина Центар Жупа и Б.А.(50) од с.Житинени, општина Центар Жупа. Околу 14.30 часот на ловиште „Канео Стогово” тие биле затекнати од ловочувар при извршување на незаконит лов. Кај нив биле пронајдени и одземени ловечка пушка „Бенели”, повеќе ловечки патрони од различен калибар, усмртено диво животно и други предмети кои ги употребиле при вршење на делото.

Лицата биле задржани во полициска станица, а за настанот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави. 

Можете да прочитате

Турчин се обидел да влезе во Македонија со фалсификат

Расте интересот на турските државјани за македонско државјанство

Исчезнатиот кавадарчанец пронајден починат  – 24info.mk