Утрински Весник
Македонија

Приведени шест лица сите од Тетово, пронајден кокаин

Приведени шест лица сите од Тетово, пронајден кокаин

Вчера во 11.20 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Т.Ј.(48), Ф.Ј.(20), Д.Б.(41), Џ.Ф.(35), Н.А.(36) и 17-годишник, сите од Тетово.

dobivaj vesti na viber

При претрес во домот на Т.Ј., каде живее со нејзината ќерка Ф.Ј. и 17-годишниот син, а во кој биле затекнати и останатите лица, извршен со судска наредба, биле пронајдени одземени кокаин и предмети со остатоци од кокаин.

Подоцна, во полициска станица Ф.Ј. пријавила дека Д.Б. во повеќе наврати ја наведувал на проституција и дека заедно со Џ.Ф. и Н.А. ѝ овозможувале употреба на кокаин.

Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Можете да прочитате

Жерновски: Лажеше за името, сега лаже за ЕУ – Мицкоски ја краде иднината на младите

АРМ објави оглас за 300 нови војници

Училиштето знаело за семејното насилство врз Ивана уште од првиот училишен ден