Утрински Весник
Македонија

Приведени млади тетовци кои низ прозорецот од „аудито“ фрлале марихуана кога им се доближила полицијата

Police Car Of Macedonia 06 Scaled.jpg

Полицијата синоќа на регионалниот пат од Пршовце кон селото Јегуновце ги приведе Ј.Џ. (21), А.Ф. (23) и Д.Ш. (18) – сите од селото Нераште.

Имено, кога полициските службеници се приближиле до патничко моторно возило „ауди“ со тетовски регистерски ознаки во кое биле лицата, Д.Ш. преку прозорецот фрлил марихуана, објави МВР во дневниот билтен.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Можете да прочитате

СДСМ: Нема одговор како 5 тони дрога поминале преку граница

Панделевски: Не барав привилегии, туку фер и законска постапка – обвинението падна но носледиците останаа

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата