Утрински Весник
Македонија

Приведени криминалци во Скопје барани со потерници за извршени тешки кражби

1707216064 1.webp.webp

Денеска (08.09.2024) полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје околу 06 часот во Скопје, на територија на општина Кисела Вода, го лишија од слобода Ф.П. (31) од Скопје, кој бил баран по централна потерница од МВР по наредба од Основен кривичен суд Скопје, за затворска казна од две години, за сторено кривично дело „тешка кражба”.

Исто така, денеска (08.09.2024) полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје околу 06.50 часот во Скопје, на територија на општина Гази Баба, го лишија од слобода В.Д. (33) од Скопје, кој бил баран по централна потерница од МВР по наредба од Основен кривичен суд Скопје, за затворска казна од една година, за сторено кривично дело „тешка кражба”.
Лицата ќе бидат предадени на надлежната казнено поправна установа. 

Можете да прочитате

Професори од три универзитети бараат ревизија на новиот Закон за високо образование – „Се нарушува автономијата!“

Одбраната во „Пулс“ бара ревизија на обвинението и ослободување на лица кои веќе не биле на функција

Усвоени дел од забелешките за Законот за високо образование