Утрински Весник
Македонија

Приведени крадци од скопско Кондово

Priveden Uapsen Licisi.jpg

Полициски службеници од СВР Скопје вчера ги лишиле од слобода У.С.(23) и Ф.Р.(24) двајцата од с.Кондово, скопско, поради основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“.

– По претходна наредба од Основен кривичен суд-Скопје, од страна на полициски службеници од ЕВР-ОКР Ѓорче Петров биле извршени претреси на четири локации во селото, кај двајцата лишени од слобода и уште двајца малолетници, при што кај У.С. биле пронајдени предмети кои потекнуваат од сторено кривично дело, како и предмети со кои било извршено кривичното дело, информираат од МВР.

Со малолетниците бил извршен разговор во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следува кривична пријава за сторено кривично дело „тешка кражба“.

Можете да прочитате

Меџити до Димитриевски: Ако му пречи албанскиот јазик, нека ја напушти градоначалничката функција

Герила-акција пред МРТ по интервјуто на Изет Меџити, поставени симболични банкноти од 10.000 евра

Девет возила и 22 пожарникари интервенираа кај Бит-пазар, зафатени три куќи