Утрински Весник
Македонија

Приведени две лица за разбојништвото во Куманово 

Polici a.webp.webp

Денеска (16.03.2024), полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода М.А.(28) и Е.А.(32), двајцата од с.Буковиќ, скопско. Тие се сомничат дека на 15.03.2024 околу 20.20 часот на улица „Доне Божинов” во Куманово со патничко моторно возило „ренџ ровер” со скопски регистарски ознаки удриле во патничко моторно возило „фолксваген пасат”, кое го управувал С.С.(63) од Куманово, при што пукале кон С.С. и му одзеле торба со пари, а подоцна го запалиле возилото „ренџ ровер”. 

Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. 

Можете да прочитате

Тројца осомничени за педофилија врз ќерка и врз дете кое не наполнило 15 години

Ски центарот Маврово од денеска достапен за скијачите

Владата ги избра кандидатите за Стразбур