Утрински Весник
Македонија

Приведени две лица за киднапирањето на внукот на Љубе Бошкоски, се бара притвор

Приведени две лица за киднапирањето на внукот на Љубе Бошкоски, се бара притвор
Dik 300x250 mk

Две лица се приведени и за нив се бара притвор како осомничени дека учествувале во грабнувањето на Самоил Костадиновски, внук на Љубе Бошкоски, дознава „Макфакс“. Извори од Кривичен суд, додаваат дека осомничените се изведени пред судија, кој ќе треба да одлучи дали ќе им определи 48-часовен притвор како што побарал обвинителот кој го води случајот.

dobivaj vesti na viber

Истрагата за грабнувањето на Костадиновски ја води МВР во координација со скопското Обвинителство. Лицето беше пријавено за исчезнато, а потоа започнаа и шпекулации дека е киднапиран. Гласините и информациите допреа до Обвинителството, со што се потврдува дека грабнување имало.

Изминатите денови се појавија и информации дека Костадиновски е грабнат од криминална група од Албанија и Турција – но ова остана непотврдено од институциите. Шпекулациите беа дека се работи за нерасчистени односи кои тој ги имал со тие лица.

Костадиновски за исчезнат беше пријавен од неговиот брат. Потоа, беа земени снимки од безбедносни камери, информации од очевидци, а беа сослушани и лица од кои беше можно да се добијат повеќе информации.

26-годишното момче, Самоил Костадинов е внук од брат на Виолета, сопруга на Љубе Бошкоски. Таа за неколку медиуми веќе има изјавено дека е потресена од целото случување. Ниту таа, ниту семејството, немаат детали информации што се случило со скопјанецот, освен раскажувањата од негови пријатели.

Можете да прочитате

Ранѓеловиќ: Излезноста во Кочани манифестира најголема мизерија, наместо тој народ да бојкотира за децата кои ги загубија животите, се одлучија да гласаат за партиите кои го создадоа системот кој ги проголта

Пензионер од Скопје фатил провалник на дело во станот и тој го претепал

Цело Тетово нема вода – намерно пресечена главната водоводна линија