Утрински Весник
Македонија

Приведени две лица од тетовско за приредување игри на среќа без дозвола

Романец измамил битолчанец за купување на пелети

Полициски службеници на СВР Тетово, вчеравечер околу 22.30 часот ги лишиле од слобода Д.С.(32) од тетовско Јанчиште и З.С.(38) од тетовско Подбреѓе, поради сомнение дека сториле кривично дело „приредување игри на среќа без лиценца, односно дозвола од надлежен орган“, казниво по член 156 од Законот за игри на среќа и забавни игри.

dobivaj vesti na viber

Во акциска контрола реализирана вчера во два ВЛТ клубови во тетовско Раотинце и с.Јанчиште, спроведена во содејство со Управата за јавни приходи, откриена е нелегална веб платформа со листа од 370 корисници.

Двете лица се сомничат дека на оваа платформа креирале кориснички имиња и им ставале кредит за обложување, а корисниците за добиените кредити им плаќале во готовина.

При контролата, од двете лица биле одземени предмети поврзани со делото.

Инаку, во акциската контрола во Раотинце и Јанчиште биле затекнати и три малолетни лица во просториите за игри на среќа, од кои едно како вработен. Д.С. и З.С. се задржани во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци.

Можете да прочитате

(Видео) Со колони знамиња прославено во Скопје Денот на албанското знаме

Јаневска: Директорот во студентскиот дом „Пелагонија“ набавил пилешко по цена од 570 денари за килограм

Ратите за новите автобуси ќе се отплаќаат од 2028 година, најавува премиерот Мицкоски