Утрински Весник
Македонија

Приведени две лица од Кичево, едно лице избодено со нож

Noz.png
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

На 04.01.2026 во 14:45 часот во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево ги лишија од слобода А.А.(45) и Ј.Д.(36), двајцата од Кичево.

Тие се сомничат дека околу 13:30 часот, кај месноста „Сеферов бунар”, во близина на селото Трапчин дол, кичевско, по претходна расправија, со нож го нападнале и му нанеле убодни рани на Б.А.(38) од Кичево.

Тој, по укажаната помош во болницата во Кичево, поради сериозноста на повредите е пренесен во Градската општа болница „8 Септември” во Скопје.

При претреси во нивните домови, извршени по судска наредба, полициските службеници од криминалистичката полиција пронајдоа ножеви, додека кај Ј.Д. се пронајдени шприц исполнет со течна кафеава материја и предмети со остатоци од бела прашкаста материја.

Известен е јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Николоски: 40 километри од автопатот Охрид – Кичево се веќе во функција 

Бадниковата поворка кај претседателката Сиљановска Давкова

Семејно насилство во скопско: жената го истепала сопругот