Утрински Весник
Македонија

Приведени две лица од Албанија, запленети 232 парчиња охридска белвица

Приведени две лица од Албанија, запленети 232 парчиња охридска белвица

Денеска (12.02.2023), по претходно преземени мерки и активности, полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал Струга и Полициската станица за граничен премин Ќафасан на излез од државата ги привеле Х.Ф.(22) и Ч.Е.(22), двајцата од Република Албанија.

dobivaj vesti na viber

При контрола во патничко возило „шкода”, со албански национални ознаки, биле пронајдени 232 парчиња охридска белвица кои биле предмет на недозволена трговија од Република Северна Македонија кон Република Албанија.

Х.ф. и Ч.Е. се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

Можете да прочитате

На Клиниката во Козле има 70 деца, 10-ина се на кислородна поддршка, хоспитализирани се и 15 деца со компликации од грип

МЗ: Првпат се регулираат сите никотински производи со новиот предлог-закон за заштита од пушењето

Струмичанец со пушка убил куче, полицијата го уапси