Утрински Весник
Македонија

Приведени двајца криумчари, пронајдени мигранти од Кина

Srbi A Polici A 1.jpg

По преземени мерки и активности, на 29.04.2024 во 17.40 и во 18.20 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот при Регионалниот центар за гранични работи Север ги лишиле од слобода Д.М.(26) од Гевгелија, со живеалиште во Богданци и В.А.(28) од Пакистан, поради сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти”.

Претходно, В.А. бил забележан како од железничката пруга кај с.Табановце, кумановско, презема шест лица мигранти од Кина и ги спроведува во близина на автопатот „Пријателство” кај селото Табановце, по што заминал. Набргу, на местото пристигнал Д.М. со патничко возило „бмв” со скопски регистарски ознаки, во кое ги сместил мигрантите и се упатил кон Куманово.

По преземени мерки, возилото било запрено, по што Д.М. бил лишен од слобода, возилото било одземено, а мигрантите сместени во прифатен центар. Исто така, по преземени мерки, набргу бил пронајден и лишен од слобода и В.А.. Лицата биле предадени на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

Можете да прочитате

Владата повторно ќе му помогне на ЈСП ако не успее тендерот за нафта

Засилени контроли на патарините, казни од по 200 евра за неплаќачите

Стипендии за студенти на УКЛО од семејства со ниски приходи