Утрински Весник
Македонија

Приведени двајца крадци, украденото вратено на сопственикот

Претрес во Прилеп, пронајдени стебла и гранки од канабис, приведено едно лице

Почлицијата вчера приведе двајца крадци од Скопје, на возраст од 31 и 36 години.

dobivaj vesti na viber

Според информациите од МВР станува збор за лица со иницијали И.И. и С.А. кои украле поголем број предмети од куќа.

„За кратко време на подрачјето на Бит Пазар во Скопје е пронајдено возилото „форд мондео“ со скопски регистарски ознаки, со кое е извршено кривичното дело, а кое го управувал И.И.. Тој е приведен во полициска станица и при извршен службен разговор го појаснил начинот и времето на извршување на кривичното дело. Малку подоцна е приведен и С.А. кој, исто така, во службен разговор го појаснил времето и местото на извршеното кривично дело, а украдените предмети се пронајдени и вратени на сопственикот“, соопшти МВР.

По комплетно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „кражба“, по член 235 од Кривичниот законик.

Можете да прочитате

Нема место за паника – најавена почесна артилериска стрелба во Скопје по повод Денот на Армијата

МВР не дозволи учество на „Маршот за ангелите“ на луѓе од други градови

На „Табановце“ се чека околу 40 минути за излез од државата