Утрински Весник
Македонија

Приведени двајца крадци, расчистени три кривични дела

Приведени двајца крадци, расчистени три кривични дела
Dik 300x250 mk

Во текот на вчерашниот ден, по преземени мерки и по распишана телеграма, полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар лишиле од слобода еден малолетник од Скопје и еден малолетник од Струмица, сместен во установа за згрижување деца во Козле. Тие се сомничат дека во периодот од 04.09. до 26.09.2023 извршиле неколку кривични дела „тешка кражба“ на подрачје на Карпош.

dobivaj vesti na viber

Двајцата биле задржани во полициска станица и во службен разговор со полициски службеници признале три кривични дела, и тоа на 04.09.2023 на ул.„Никола Парапунов“ извршиле тешка кражба во правен субјект, на 26.09.2023 извршиле тешка кражба во пекарница, а одзеле и два велосипеда, сопственост на едно лице. По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против нив ЕВР Карпош ќе поднесе соодветна пријава.

Можете да прочитате

Циклон над Македонија: Ќе дува силен ветер до 80 км/час, ќе имаме и нови врнежи

Утрово измерени 0 степени во Берово

Седум пиштоли и над 300 куршуми пронајдени кај маж од скопско