Утрински Весник
Македонија

Приведени дрвокрадци во прилепско, физички нападнале еден од полициските службеници, следува пријава

Drvokradci 1.webp.webp

На 09.10.2024 кај место викано „Поводеници”, прилепско, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода Ѓ.И.(32) и И.Ќ.(31), двајцата од Прилеп. Тие биле затекнати со две возила натоварени со дабови дрва за кои не поседувале документација. Притоа, тие физички нападнале еден од полициските службеници и со нивното возило го оштетиле службеното полициско возило.

Дрвната маса е одземена и предадена на шумска полиција за понатамошна постапка, а по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Старица претепана и ограбена во својот домот, разбојникот во притвор

(Фото) Пожар во Кисела Вода: Автомобил изгоре меѓу згради кај Расадник

Мицкоски од Минхен: За Македонија членството во ЕУ не е милост, одамна е заслужено