Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Приведени девет лица поради пустошење на шуми во атар на село Брест

Приведени девет лица поради пустошење на шуми во атар на село Брест
Img 7972

Вчера околу 09.00 часот во атарот на с.Брест, скопско, полициски службеници од Отсекот за прекуграничен криминал и миграции Скопје при Регионалниот центар за гранични работи Север и Единицата за брзо распоредување при МВР ги лишиле од слобода А.Ј.(20) од с.Арачиново, А.А.(21) од с. Арачиново, С.А.(52) од с.Чучер Сандево, Р.Ј.(23) од Скопје, Н.А.(23) од с.Чучер Сандево, С.С.(28) од с.Арачиново, Ј.А.(20) од с.Чучер Сандево, Х.А.(29) од с.Арачиново и Г.С.(28) од с.Арачиново.

dobivaj vesti na viber

Тие биле затекнати при вршење на кривично дело „пустошење на шума“, при што од нив биле одземени трактор без регистарски таблички, товарно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на А.А., натоварено со околу 11 кубни метри огревни дрва, неколку моторни пили и секири.

Исто така, во истото време на место викано „Раштански бачила“, по преземени мерки, полициски службеници пронашле три товарни моторни возила, два трактори и др., натоварени со околу 43 кубни метри огревни дрва.

Одземените предмети биле предадени на Шумска полиција за понатамошна постапка. За настанот бил известен Јавен обвинител, а лицата биле задржани во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Случајот „Пулс“ кај судијката која го осуди Кежаровски и го судеше Бучковски и Заев

Шајн: Време е за промени во Охрид, охриѓани ќе изберат нов концепт, проекти и резултати

Тасевски vs Ристески – нова криза во М-НАВ