Утрински Весник
Свет

Приведени 40 лица поради непријавен огномет во близина на Ајфеловата кула

20251228130212 big 730x400 44.webp.webp

Француската полиција приведе околу 40 лица поради непријавен огномет во Париз на плоштадот Трокадеро во близина на Ајфеловата кула, објави парискиот весник Фигаро.

Париската полициска префектура изјави дека инцидентот се случил синоќа околу 21 часот и дека полицијата веднаш интервенирала, приведувајќи околу 40 лица и дека нема повредени.

Се додава дека е отворена истрага и дека се сомнева дека сторителите се навивачи на парискиот фудбалски клуб Париз Сен Жермен (ПСЖ).

Ова е втор непријавен огномет во декември. На 13 декември, инфлуенсерот Лорис Џулијано организираше огномет во близина на Трокадеро како дел од промоцијата на неговиот документарен филм.

Потоа беше отворена истрага за „загрозување на други лица и намерно кршење на обврската за одржување на безбедноста“ на јавно место, додаде Фигаро.

Можете да прочитате

Иранската армија тврди дека погодиле американски танкер во Ормутскиот теснец

Арагчи: САД горко ќе зажалат поради потопувањето на ирански брод

Ким Џонг – Ун пловеше на новиот севернокорејски разурнувач