Утрински Весник
Македонија

Приведени 10 возачи, четворица без дозвола, еден во спротивна насока, еден со активна забрана

Policzija.jpg

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 10 возачи за безобѕирно управување возило, од кои по четворица управувале возило без возачка дозвола и под дејство на алкохол, еден во спротивна насока и еден и покрај тоа што имал активна забрана. Две лица во Тетово возеле без возачка дозвола, а по еден во Кратово и Кочани. По еден возач во Куманово, Свети Николе, Прилеп и Гевгелија управувале возило под дејство на алкохол. Додека еден возач во Куманово возел мопед во спротивна насока, а еден во Скопје и покрај тоа што имал активна забрана. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.


Можете да прочитате

Kривична против Агенција за обезбедување и нејзиниот сопственик, не ангажирале доволно лиценцирани лица

Во Нов Дојран пронајдена неексплодирана граната од Првата светска војна

Кривична за возач на автобус, неовластено снимал во кругот на тетовската касарна