Утрински Весник
Македонија

Приведена полицајка која открила дека полицијата ќе извидува со дрон

Dron.webp.webp

Поднесена е кривична пријава против полицајка од Штип поради оддавање службена тајна.

„Пријавената В.М., вработена како полицаец – приправник во Одделението за полиција при Секторот за внатрешни работи Штип, на 10 јули 2025 година остварила телефонска комуникација со едно лице, користејќи телефонски број кој го употребува нејзиниот брат. Во разговорот, таа му соопштила дека ќе бидат преземени службени полициски дејствија за извидување со дрон, информации кои претставуваат службена тајна и биле поврзани со конкретна оперативна акција“ соопшти МВР.

Од Министерството наведуваат дека со оваа постапка таа можела да предизвика штетни последици за службата, поради што се сомничи дека го сторила кривичното дело „оддавање службена тајна“.

Покрај кривичната пријава, од Одделот за внатрешна контрола најавуваат дека против В.М. ќе биде поднесен и предлог за поведување постапка за утврдување дисциплинска одговорност.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче треба да знае дека проблемот не се медиумите, ниту ВМРО-ДПМНЕ, туку неговиот и криминалот на Заев

Министерот Хоџа се сретна со првиот човек на ЕБРД: Забрзување на клучните еколошки инфраструктурни проекти

Министерот Љутков на отворањето на Меѓународниот саем за туризам во Мадрид „ФИТУР 2026“