Утрински Весник
Македонија

Приведен турски држајанин фатен со дрога во Штип

Marihuana zaplena 4.jpg

На 07.04.2026 во 14:50 часот во Штип, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВРШтип го лишија од слобода М.С.(23) од Република Турција со привремен престој во Штип.

Претходно, со судска наредба, извршен е претрес во домот во домот во кој привремено престојува Н.К.(21) од Турција, исто така, со привремен престој во Штип, а во кој бил затекнат М.С.. Притоа, во домот биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка со остатоци од марихуана.


Подоцна, со негова дозвола, извршен е и преглед во домот во кој престојува М.С., при што се пронајдени и одземени неколку пакувања со марихауана и патна исправа на друго лице од Турција. М.С. е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Куќа во Центар продадена за 1,5 милиони евра, а деловен простор достигна цена од 6,8 милиони

Приправник во МВР пукал од службен пиштол на полицаец, поднесени кривични за двајцата

Стојанче ја удира Ивана неколку часа пред смртта откриваат снимки од „Сејф Сити“