Утрински Весник
Македонија

Приведен скопјанец, се обидел да подигне брз кредит со фалсификувана лична карта

Расчистена кражба во Ресенско, уапсени тројца крадци
Dik 300x250 mk

Во текот на вчерашниот ден во 18.45 часот на бул.„Јане Сандански“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода В.М.(26) од Скопје.

dobivaj vesti na viber

Тој се обидел со фалсификувана лична карта да подигне брз кредит од финансиско друштво во трговски центар на бул„Јане Сандански“, но вработениот се посомневал во исправноста на личната карта и повикал полиција.

Лицето било приведено во полициска станица и со него бил извршен службен разговор. По целосно документирање на случајот, Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје ќе поднесе соодветна пријава.

Можете да прочитате

Пообилен дожд во западните делови, ќе престанат утре попладне

Почина пејачот и режисер Диме Поповски

После 7 месеци, пронајдена дамата херој од кочанската болница