Утрински Весник
Македонија

Приведен скопјанец кој физички нападнал друго лице во угостителски објект во Дебар Маало

Приведен скопјанец кој физички нападнал друго лице во угостителски објект во Дебар Маало
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Денеска во 10.45 часот на подрачјето на Кисела Вода полициски службеници од Единицата за насилен криминал-Одделение за насилен криминал го лишиле од слобода Д.А.(38) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.

dobivaj vesti na viber

Имено, на 04.09.2002 во 17.33 часот во угостителски објект во Дебар Маало, Д.А. со стаклен предмет физички го нападнал С.П.(31) од Скопје.

Со него бил извршен службен разговор во кој го појаснил извршувањето на кривичното дело.

Известен е Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе следи кривична пријава, соопшти полицијата.

Можете да прочитате

Претседателот на Собранието Гаши прими делегација предводена од претседателот на ТИКА Ерен

АМСМ: Блокиран патот Берово-Струмица поради собир, магла кај Ресен

Мицоски: За мене Македонија е свето име