Утрински Весник
Македонија

Приведен скопјанец кој физички ја нападнал партнерката и го одзел нивното бебе

Apsenje 1.jpg

Полициски службеници од СВР Скопје синоќа го привеле 30-годишниот Х.С. од Скопје, поради сомнение дека извршил семејно насилство и противправно одзел малолетно дете.

Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека на 4 октомври 2025 година, околу 23:10 часот, на подрачјето на Бит Пазар, тој бил лишен од слобода по претходна пријава од неговата 21-годишна вонбрачна партнерка.


Според пријавата, на 2 октомври во нивниот заеднички дом, осомничениот физички ја нападнал, по што на 3 октомври, додека таа се наоѓала во домот на нејзините родители, тој дошол и ја зел нивната тримесечна ќерка.

„По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна кривична пријава“, информираат од МВР.

Можете да прочитате

Наутро магла и минусни температури, преку ден сончево

Земјотрес почувствуван во Македонија – 24info.mk

Филипче: Во вторник ќе се обелодени новото раководство на СДСМ