Утрински Весник
Македонија

Приведен скопјанец, кај него бил пронајден близу еден килограм кокаин

Приведен скопјанец, кај него бил пронајден близу еден килограм кокаин

Денеска во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје – Единица за недозволена трговија го лишиле од слобода Г.Ј.(37) од Скопје.

dobivaj vesti na viber

При претрес во неговиот дом и други простории, извршен со судска наредба, во хаварисано возило во дворот, биле пронајдени и одземени близу еден килограм кокаин и дигитална вага со остатоци од кокаин.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава

Можете да прочитате

Обид за влез во затворена гостилница заврши со тешко претепување – двајца во притвор

Европската Унија и Република Турција: Стратешко партнерство во време на глобална несигурност

Транспаренси Интернешнл Македонија: 2025 година во знакот на тешки коруптивни афери