Утрински Весник
Македонија

Приведен разбојник од Тетово

Srbi A Polici A.jpg

На 19.07.2024 во 21.05 часот на подрачје на Ѓорче Петров во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Ѓорче Петров го лишиле од слобода М.Н.(25) од Тетово. Тој бил баран по локален распис од СВР Тетово поради постоење основи на сомнение дека на 18.07.2024 во три наврати со закана кон сопственикот на продажен објект во Тетово и физички напад врз неговата сопруга одзел пари од дневниот промет. 

Лицето било предадено во СВР Тетово и по целосно документирање на случаите против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Ивановска открива: И покрај официјални записници за затворање, угостителски објекти во Скопје работеле без прекин

Лабовиќ: Јавното обвинителство е заробено во дисфункционалности

Мицкоски: Продолжување на реформскиот процес со јасни рокови и конкретни резултати