Утрински Весник
Свет
Img 7972

Приведен поранешниот директор на црногорската управа за недвижности

Приведен поранешниот директор на црногорската управа за недвижности
Img 7972

Вишиот суд во Подгорица денеска му одреди притвор на поранешниот директор на Управата за недвижности, Драган Ковачевиќ, потврди независната советничка за односи со јавноста на тој суд, Марија Раковиќ.

dobivaj vesti na viber

– Ковачевиќ дојде на рочиштето, по што Специјалното обвинителство поднесе предлог за притвор, според кој Вишиот суд одлучи и му одреди притвор – рече Раковиќ.

По Ковачевиќ беше распишана меѓународна потерница откако на 24 февруари минатата година избега, откако беше ослободен од притвор каде помина два месеци.

Вишиот суд во Подгорица во март годинава го потврди обвинението против Ковачевиќ и другите обвинети членови на криминалната организација што тој ја формираше за присвојување вредни парцели.

Раковиќ изјави дека притворот за Ковачевиќ ќе трае до натамошната одлука на Судот,пренесе Блиц.рс.

Можете да прочитате

Најмалку 15 луѓе загинаа при лизгање на земјиштето во Индија

Поради израелската блокада на болниците во Појасот Газа бебињата делат маски со кислород

Тунберг му одговори на Трамп: И ти страдаш од проблеми со агресија