Утрински Весник
Македонија

Приведен мажот кој нападна снимател во Росоман

Приведен мажот кој нападна снимател во Росоман

Приведен е 43-годишен жител на Росоман, кој пред два дена го нападна снимателот на ТВ „24“ додека снимал инсерти од сообраќајна несреќа.

dobivaj vesti na viber

Од МВР информираа дека полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Љ. Р. (43) од Росоман.

Тој на 18 јули на излезот од Росоман агресивно се однесувал кон новинар на телевизиска екипа, кој снимал инсерти од сообраќајна незгода, а потоа ја оштетил и неговата камера.

Лицето е приведено во полициската станица во Кавадарци и по целосно документирање на настанот, ќе следува соодветна пријава, се вели во информацијата од МВР.

Можете да прочитате

По пријава за семејно насилство, откриено автоматско оружје во Скопје, поведена истрага

НП Шар Планина пријави во полиција попречување на нивната работа на терен

Тешка кражба во продажен објект во Струга