Утрински Весник
Македонија

Приведен криумчар од Србија, во неговото возило пронајдени 10 мигранти

Приведени криумчари на мигранти

Српски државјанин вчера бил фатен како превезува мигранти во село Прдејци.

dobivaj vesti na viber

„На 09.07.2023 околу 12.30 часот во атар на с.Прдејци од полициски службеници од Полициска станица Богородица при Регионален центар за гранични работи „Југ“ е лишен од слобода Л.Д.(29) од Р.Србија. Тој бил затекнат како на регионалниот пат Негорци – Прдејци во патничко моторно возило „ауди А6“ со српски национални ознаки превезувал 10 лица мигранти од Сирија.
Увид на местото извршила екипа од Полициска станица Гевгелија“ сопшти МВР.

За настанот е известен Јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Можете да прочитате

Пожар во скопската населба Козле

ОН пред историска дебата: Палестина меѓу симболика и реалност

PER ASPERA AD ASTRA или нашиот европски пат