Утрински Весник
Македонија

Приведен криумчар од Србија, пронајдени осум мигранти од Сирија

Приведен крадец од Битола, одземеното вратено на сопственикот

Денеска (12.08.2023) во 07.40 часот на бул.„Гевгелија“, поточно на излезот од Гевгелија, полициски службеници од Полициска станица за граничен премин и граничен надзор „Богородица“ го лишиле од слобода К.В.(22) од Лесковац, Р.Србија, поради сомнение дека сторил кривично дело „криумчарење мигранти“.

dobivaj vesti na viber

Тој управувал патничко возило „опел сигнум“, со српска национална ознака, кое учествувало во сообраќајна незгода, а во него биле затекнати 8 лица илегални мигранти од Сирија.

К.В. е приведен во полициска станица и во координација со јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, по документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава, а лицата мигранти ќе бидат пренесени во прифатно-транзитен центар во Гевгелија.

Можете да прочитате

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози

ССМ најавува масовен протест за зголемување на платите на 28 јануари

Левица: Началник од Министерство за земјоделие осигурал туѓи поседи и ги користел субвенциите