Утрински Весник
Македонија

Приведен криумчар од Србија, излетал со возилото во кое превезувал мигранти

Приведени криумчари на мигранти

Вчера во 15.50 часот на регионален пат Демир Капија-Неготино, во близина на Неготино, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово, при Регионалниот центар за гранични работи Југ, го лишиле од слобода С.М.(24) од Република Србија.

dobivaj vesti na viber

Во возилото „бмв“, со бугарски национални ознаки, кое го управувал, биле пронајдени четири лица мигранти од Сирија. Претходно, тој не застанал на знак за запирање даден од полициски службеници и продолжил со движење со возилото. Набргу, со возилото излетал од патот и се дал во бегство, но по преземени мерки бил пронајден и лишен од слобода.

Мигрантите биле спроведени во прифатно-транзитен центар, а С.М. бил задржан во полициска станица за понатамошна постапка. По целосно расчистување и документирање на случајот, во координација со Јавен обвинител, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Апасиев: Премиерот Мицика вика дека со Амар сме краделе пари од партија, ама ревизијата нешто друго вика

Крвав настан во Велес: Двојно убиство завршено со самоубиство

Универзална сала ќе се гради од октомври со 1 200 седишта и инвестиција од 20 милиони евра